
Банкарство
Народна банка и Економски факултет ќе разменуваат експертски мислења-потпишан Меморандум за соработка
Народната банка и Економскиот факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ја засилуваат соработката со заеднички вложувања во истражувањата и во натамошен квалитетен кадар во економската сфера, подготвен за предизвиците на новото КОВИД и пост-КОВИД време. Соработката ќе се остварува и при конципирањето нови студиски програми, со активна вклученост на Народната банка во однос на знаењата и