
ЌЕ ДЕЕСКАЛИРААТ, ПА ЌЕ ПРЕГОВАРААТ: Високи претставници на САД и Кина на прва официјална средба во Швајцарија по отпочнувањето на трговската војна
Високи американски и кинески претставници во Швајцарија кон крајот на оваа недела треба да ги започнат закочените трговски разговори по воведувањето на царините од страна на претседателот Доналд Трамп, соопштиjа претставници на двете земји, јави Франспрес. Разговорите го означуваат првиот официјален јавен дијалог меѓу двете најголеми економии во светот за решавање на трговската војна што
