
Банкарство
Пет години „Европски квиз на пари“ во Македонија: Финансиската едукација треба да почне уште во ученичките клупи
„Европскиот квиз на пари“ веќе пет години претставува можност за едукација на младите во Македонија и стекнување финансиска писменост, како основа за натамошно успешно снаоѓање во деловниот и во светот на финансиите. Првиот јубилеј се одбележа во Македонската банкарска асоцијација, при што беа истакнати солидните резултати постигнати на ова европско натпреварување за ученици на возраст