
ПОСИЛНА ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА БИ МОЖЕЛА ЕВРОЗОНАТА ДА ЈА ОДНЕСЕ ВО РЕЦЕСИЈА, предупреди првиот човек на грчката централна банка, Стурнарас
Загриженоста за рецесијата во еврозоната повторно се враќа во фокусот на инвеститорите откако членот на Управниот совет на Европската централна банка, Јанис Стурнарас, изјави дека ризикот од можен пад е „реален и оправдан“, бидејќи конфликтот на Блискиот Исток создава прекин на понудата. Стурнарас, кој е и претседател на Банката на Грција, за весникот „Филелефтерос“ изјави










