
Со вложувања во хартии од вредност зголемени средствата на пензиските фондови и осигурителните друштва
Вкупните средства на останатите финансиски институции изнесуваат 187.888 милиони денари, што е раст од 9.012 милиони денари на квартална основа. Притоа, најголем е уделот на пензиските фондови – 65,4 отсто, по што следуваат осигурителните друштва со учество од 17,3 проценти, покажуваат најновите податоци на Народната банка за состојбите во овој сегмент во првото годинешно тримесечје.

