
Низ годините се потрошени стотина милијарди евра народни пари – Сите буџети се развојни, а каде е развојот?
Само од 2008 па заклучно со оваа 2025 година, од државната каса излегле 62,07 милијарди евра. Сумата е пресметана врз база на основните буџети, без ребалансите што се неизоставна практика. Што добија за возврат државата и граѓаните? Буџетот за 2026 година е историски по две основи. По износот од 6,7 милијарди евра предвидени за трошење.



