
Бизнис
BE NEXT 3 УТРЕ ВО СКОПЈЕ: Првиот сертифициран Sandler тренер од регионот гостин на конференцијата
Третото издание на бизнис-конференцијата Be Next, која годинава повторно ги обединува претприемачите, сопствениците на компании и продажните професионалци на едно место, ќе се одржи утре (28 февруари) во DoubleTree by Hilton Skopje. Иако релативно млад настан, Be Next во својата трета година веќе се позиционира како платформа за сериозни разговори за систем, структура и одговорност