
Собирна акција на МАПАС, се донира облека за социјално ранливите лица
Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување МАПАС организираше собирна акција за донирање на облека. За една недела се донираа над 35 ќеси со облека, која преку социјалното претпријатие „Копче“ ќе се проследи до крајните корисници. Со ова, МАПАС, како општествено одговорна институција, заедно со своите вработени даде уште еден придонес за локалната заедница.



