
„МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ ГО КРЕНА ПРОФИТОТ ЗА 77,88% – Последни резултати од ерата на Доне Таневски и неговиот тим
За високи 77,88 проценти е зголемен профитот на „Македонијатурист“, оперативната добивка е удвоена, а приходите бележат речиси 25-процентен раст. Резултатите за деловната 2024 ја објаснуваат минатогодишната опседнатост на инвеститорите со хотелско-угостителската компанија, што доведе до целосна промена на акционерската структура. Во заднината на берзанските купопродажни трансакции, „Македонијатурист“ бележела зголемен број ноќевања и искористување на капацитетите








