
Нов трговски потег: САД ја укинаа дополнителната тарифа за Индија
Претседателот на САД, Доналд Трамп, потпиша извршна наредба со која се поништува дополнителната, т.н. казнена царина од 25 проценти за увозот од Индија, која беше воведена како одговор на купувањето руска нафта од страна на Њу Делхи, соопшти Белата куќа. Овој чекор следува по постигнувањето трговски договор меѓу двете земји, што Трамп го најави претходно

