
„СТАКЛЕНАТА ФАБРИКА“ ПРВА НА УДАР: Иако вети дека нема, Фолксваген ја затвора својата фабрика во Дрезден
Еден од највпечатливите архитектонски и симболични проекти на германскиот производител на автомобили Фолксваген – Стаклената Фабрика (Gläserne Manufaktur) во Дрезден – е на работ на радикална трансформација, објави на својот сајт Фолксваген. Отворена во 2001 година со ѕвездена амбиција да го произведува луксузниот модел Фаетон, компанијата сега се соочува со економската неодржливост да продолжи со
