
„УБАВО БЕШЕ ДОДЕКА ТРАЕШЕ“: Викендов пропадна голема пирамидална шема во Хрватска, илјадници останаа без своите животни заштеди
Во Хрватска вчера, по неколкугодишно постоење ненадејно пропадна пирамидална платформа, оставајќи илјадници Хрвати во загуби тешки по неколку илјади евра, а некои останаа без своите животни заштеди, објавија хрватските медиуми. Имено, платформата XUEX за инвестирање во криптовалути, која ѝ припаѓа на EG Investment Group, пропадна. Истата платформа пропадна во петокот навечер во Србија, а минатата
