
ДРЖАВАТА СЕ НАОЃА ВО КОМФОРНА ЗОНА, САМО БИЗНИСОТ МОЖЕ ДА ЈА РАЗБУДИ-Стопанската комора преку Декларација повикува на враќање од „партиската“ кон „државната агенда“
Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески ги повика сите парламентарни политички партии да ја потпишат Декларацијата за општествен консензус и за економски реформи, политики и мерки, што Комората ја донесе на својата стогодишнина, бидејќи смета дека на тој начин сите релевантни општествени чинители би се согласиле дека во наредните 10 години приоритет ќе има економијата.
