
Бизнис
И ГОДИНАВА NORAD ГО СЛЕДИ ПАТОТ НА САНКИТЕ НА ДЕДО МРАЗ ЗА БОЖИЌ: Еден згрешен број и еден досетлив полковник создадоа традиција долга 70 години
Она што почна со симпатична божиќна шега – стана седумдесет години долга традиција. Северноамериканската команда за воздухопловна одбрана (NORAD) и годинава ја продолжува својата мисија на сателитско следење на „најпознатиот и најсакан старец со бела брада на светот“ на неговото божиќно патување од Северниот Пол до сите деца на светот, кои од него чекаат подароци.