
Бизнис
МАКЕДОНИЈА НА 13-ТО МЕСТО ВО СВЕТОТ ПО ИЗВОЗ НА ВИНО, министерот Николовски најави нов закон за виното за да биде попрепознатливо
Македонските вина ѝ донесоа на државава 13-то место во светот според вредност на извозот, за 2022 година, покажуваат рангирањата на ВорлдТопЕкспортс. Помеѓу првите 15 светски извознички на вино, нашата земја се наоѓа едно место повисоко од соседна Грција. Ова го потврди и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, во „Студио 10“ на ТВ24.