
СТАРИОТ СВЕТСКИ ПОРЕДОК СЕ МЕНУВА, ВРЕМЕ Е НА СОЈУЗИ ОД ГОЛ ИНТЕРЕС – Александар Спасов во поткастот „Каде се парите?“
Самитот во Давос јасно ја покажа длабоката криза на меѓународниот поредок воспоставен по Втората светска војна, оценува универзитетскиот професор Александар Спасов во поткастот „Каде се парите?“. Според него, правилата врз кои со децении се темелеше глобалната безбедност и економска соработка сè помалку функционираат, додека нов поредок сè уште не е оформен, но се насетува дека









