
Дел од добивката за акционерите, дел за инвестиции – Комерцијална банка со дивиденда од 1.350 денари за акција
Комерцијална банка ја заврши 2025 година со силни финансиски резултати потврдија акционерите на одржаното годишно Собрание. За успешната реализиација на деловните активности, тие ќе добијат дивиденда од бруто 1.350 денари за акција. Банката остварила бруто-добивка од 5.632,5 милиони денари (91,6 милиони евра), а по оданочувањето од 555,2 милиони денари (9 милиони евра), нето-добивката изнесува 5.077,3


