
Берза
ПОМАЛКУ ТРАНСАКЦИИ, ПОВИСОКИ ЦЕНИ НА ВОДЕЧКИТЕ АКЦИИ – Каде беше фокусот на инвесторите во 2025 година
Промет од 9,58 милијарди денари, односно 155,9 милиони евра е крајниот исход од минатогодишните активности реализирани на Македонска берза. Движењата беа променливи со повеќе негативни од позитивни осцилации, при што прометот е со годишен пад од 28,46 отсто. Регистрирани се 19.616 трансакции со минус од 17,4 проценти. А, МБИ10 индексот, за кој 2024 беше рекордна