
ЕУ истражува пратки говедско месо од Бразил поради присуство на забранет хормон
Пратки замрзнато говедско месо од Бразил со траги од хормонот естрадиол завршиле на европскиот пазар, а дел од месото веќе било консумирано, покажуваат податоци од националните служби и европскиот систем за брзо предупредување. Првичниот аларм го вклучила холандската Агенција за безбедност на храната, која открила присуство на естрадиол во замрзнато говедско месо увезено од Бразил.


