
ИНТЕРВЈУ I ДИЈАНА ПЛАШЕСКА-КАРАНФИЛСКА: Технологијата дава податоци, а искуството и научната интуиција ги даваат одговорите
Зад секоја генетска анализа стои човечка судбина, а зад секоја дијагноза – долг пат на истражување. Професор д-р Дијана Плашеска-Каранфилска е меѓу научниците коишто го обликуваат развојот на генетската дијагностика во Македонија. Речиси четири децении е дел, а сега и раководи со тимот на Истражувачкиот центар за генетско инженерство и биотехнологија „Георги Д. Ефремов“, кој
