
Бизнис
ШТО СЕ КРИЕ ЗАД MOLTBOOK: Машини што зборуваат меѓу себе или луѓе зад маската на агентите?
Платформа без луѓе, само агенти на вештачка интелигенција што разговараат меѓу себе. Така беше претставен Moltbook – првата социјална мрежа изградена исклучиво за генеративни агенти. На прв поглед, изгледаше како почеток на ново дигитално општество: автономни системи што дискутираат стратегии, координираат активности, па дури и развиваат заеднички цели. Но, колку повеќе се истражуваше феноменот, толку