
Финансии
ОТКАКО ТРАМП ИЗРАЗИ ЖЕЛБА ДА ГО КУПИ ГРЕНЛАНД, Данска итно го засили воениот буџет за Арктикот за 1,5 милијарди долари
Данската влада најави огромно зголемување на трошоците за одбрана за Гренланд, неколку часа откако новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ја повтори својата желба да ја купи територијата на Арктикот. Данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен рече дека пакетот е „двоцифрена сума во милијарди“ во круни, или најмалку 1,5 милијарди долари, јави Би Би Си.