
КОЛУМНА I Може ли економската политика да ја држи инфлацијата под контрола?
Кога инфлацијата е висока, едно од првите прашања што се поставуваат е: што може да се направи за таа да се запре? Во јавноста, често постои очекување дека економската политика може брзо и директно да ги стабилизира цените. Меѓутоа, во пракса просторот за дејствување е поограничен отколку што обично се претпоставува. Инфлацијата е сложен процес
