
РУСКИ ТОВАРЕН БРОД ПОТОНА КРАЈ ШПАНИЈА, спасени 14 лица, двајца исчезнати
Околу 14 лица се спасени откако руски товарен брод потона кај шпанскиот брег по експлозија во машинскиот простор, соопшти во вторникот Центарот за состојби и кризи на руското Министерство за надворешни работи, пренесе Анадолу. „Рускиот товарен брод Урса Мајор (сопственост на СК-ЈУГ ДОО) потона во меѓународните води на Средоземното Море по експлозија во машинската соба.

