
Банкарство
НЛБ Банка донираше сензорна соба во Македонски Брод како дел од проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“
Денеска во општинското основно училиште „Св. Климент Охридски“ во Македонски Брод, официјално беше пуштена во употреба сензорна соба наменета за деца со попречност, опремена со поддршка на НЛБ Банка Скопје. Оваа донација се реализираше во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, финансиран од Европска Унија. Првата сензорна соба на територијата на Поречјето