
МИЦКОВСКИ НАЈАВИ ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ДРЖАВАТА: Доста бевме заробени во бирократија и редици пред шалтери, време е да бидеме вистински сервис за граѓаните
Нашата визија е држава која ќе биде целосно дигитална, транспарентна и ефикасна. До крајот на мандатот сите јавни услуги ќе бидат достапни онлајн. Секој граѓанин ќе има дигитален идентитет, пристап до сите институции преку мобилен телефон, најави денес премиерот Христијан Мицкоски, во своето обраќање на Дигиталниот самит на Западен Балкан (WBDS) 2025, кој се одржува
