
Бизнис
ТАВ: Авиобилетите со ,,Изиџет” Скопје-Женева пуштени во продажба, цена од 1.476 денари па нагоре
Изиџет (еasyJet), водечката европска авиокомпанија според мрежата на авиолинии, продолжува со својата заложба и инвестирање во Европа со отворање на нова авиолинија од Женева, Швајцарија, до Скопје, Северна Македонија, известуваат од ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор, откако авиокомпанијата го најави воведувањето на оваа воздушна конекција. Македонскиот главен град ќе се поврзува со швајцарскиот главен град три пати неделно, односно секој понеделник, четврток и петок, од 1-ви ноември