
Анализи
ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР НЕМА ШТО НЕМА: енергетски компании, нафтени компании, телекомуникации…
Општина Центар е срцето на Скопје, но и епицентар на корпоративната моќ во државата. Од главни енергетски оператори и телекомуникациски гиганти, до големи градежни и трговски компании, токму тука се регистрирани фирмите што ја движат економијата на Македонија. Центар одамна не е само симбол на урбана префинетост и административен статус, туку и една од најмоќните