
Бизнис
МАСК ВЛЕЗЕ ВО КАВГА со британскиот премиер поради коментарите околу насилните протести во Британија
Британскиот премиер Кир Стармер жестоко се скара со Илон Маск, откако технолошкиот милијардер на социјалната платформа Икс искоментира дека „граѓанската војна е неизбежна“ по насилните немири во Обединетото Кралство, пишува Би Би Си. Сопственикот на X ги објави забелешките на платформата како одговор на видеото на кое се гледа како луѓето насочуваат огномет кон полицијата.