
(Видео) Во Трезорот на Банката на Англија: 6,9 тони македонски златни резерви вредни 800 милиони евра
Во рамките на официјалната посета на Банката на Англија, гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески и неговиот тим имаа исклучителна можност за работна посета на Трезорот на Банката на Англија, каде што се чуваат златните резерви на Република Северна Македонија. Притоа, беше извршен увид во златото и условите во кои се чува во Трезорот









