
Банкарство
Комитет за финансиска стабилност: Усвоена е Стратегијата за макропрудентна политика, задржана e финансиската стабилност
На седницата на Комитетот за финансиска стабилност беше усвоена Стратегијата за спроведување на макропрудентната политика во Република Северна Македонија, којашто ја подготви Народната банка, во консултација со останатите финансиски регулатори, во согласност со новиот Закон за финансиска стабилност. Со Стратегијата се зацврстува координираниот пристап на финансиските регулатори за натамошно јакнење на финансиската стабилност. На Комитетот