
Македонецот купува онлајн еднаш до два пати во 3 месеци, прави нарачки најчесто до 50 евра, а најмногу нарачува од домашни е-трговци
Денес, во хотелот „DoubleTree by Hilton Skopje“ во Скопје под мотото „E-commerce: Accelerate!“, започна Петтата годишна конференција за е-трговија, премиерно во своето регионално издание, на која присуствуваат преку 500 учесници од повеќе од 10 земји, а свое излагање ќе имаат 29 еминентни говорници од земјата и странство. Можностите кои ги нуди е-трговијата во регионот, промените


