
Бизнис
ПРЕГОЛЕМА МОЌ: САД го обвинуваат Гугл дека ги „избркал“ рекламните ривали
Американското Министерство за правда и осум американски сојузни држави поднесоа тужба против Google тврдејќи дека има преголема моќ врз пазарот на онлајн реклами. Нејзините антиконкурентни акции „ја ослабеа, ако не и ја уништија конкуренцијата во рекламната технолошка индустрија“, рече американскиот државен обвинител Мерик Гарланд. Google го обвини Министерството за правда за „удвојување на погрешен аргумент“.