
Средба со висок претставник на Трезорот на САД: Народната банка има клучна улога во одржувањето на финансиската стабилност
Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска оствари средба со Лујен Д. Тран, заменик-помошник секретар во Канцеларијата за техничка помош во Трезорот на САД, на која се зборуваше за зајакнувањето на финансиската стабилност и унапредувањето на билатералната соработка. Преку оваа средба беше нагласена поддршката од САД за економскиот развој и зајакнувањето на отпорноста и финансискиот интегритет

