
Средба Ангеловска-Бежоска ‒ Ханиг: Народната банка презема мерки за поттикнување на зелените финансии
Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска во Вашингтон оствари средба со извршниот директор на Алијансата за финансиска вклученост (АФИ), Алфред Ханиг, на којашто се разговараше за залагањата на Народната банка за олеснување на пристапот до финансиските услуги коишто ќе обезбедат премин кон еколошки одржлива економија. На средбата акцентот беше ставен на идните развојни политики за

