
Бизнис
Ангела Саздова – Донева е нов член на државното АД Аеродроми
Акционерското друштво во државна сопственост Аеродроми на Република Северна Македонија, преку Македонска берзата објави промени во органите на управување. За нов член е именувана Ангела Саздова – Донева. Промените се запишани во Централен регистар. Според податоците од Бизнис Мрежа, Надзорниот одбор е во состав: Бејтула Демири, Мартин Корубин, Целе Најдески, Берат Даути и Ангела Саздова-Донева.