
Бизнис
СЕРИОЗНИ ЗДРАВСТВЕНИ ПОСЛЕДИЦИ СЕ МОЖНИ: Лекарите со апел до Загрепчани да останат дома откако пожар создаде токсичен облак над градот
Големиот пожар, кој избувна денес, во раните утрински часови во околината на Загреб, создавајќи огромен црн облак од чад, видлив на голема далечина, се уште не е изгаснат, јавуваат хрватски медиуми. Пожарот гори во областа Света Недеља, поточно во складиштето за гуми Пнеуматика. Пожарникарите од претпладнево се на терен и работат на гаснење на пожарот.