Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Светските херои во пандемијата, на 25. место е Џек Дорси основачот на Твитер

2 авг. 2020 г.·4 мин читање·916 прегледи

Следете не на Viber

Во листата на топ 25 светски херои во услови на пандемија, согласно листата на „Фортун“ Ви ги претставуваме последните 5 од вкупно 25 лица кои во услови на пандемија  беа храбри и решителни во своите одлуки и по цена на животот.

  1. Големите ланци на маркети

Неопходните намирниците се покажаа од витално значење за населението особено на почетокот на пандемијата кога во моменти на паника, редици луѓе низ целиот свет чекаа пред големите маркети. Персоналот во маркетите се стави на голема изложеност од ризик од ковид 19. Европските ланци како „Waitrose“ беа пионери во поставувањето специјални часови за купување и испорака за ранливите и старите лица. Во Северна Америка, „H-E-B“ со седиште во Тексас и канадските „Sobeys“ ги зголемија платите на работниците. Примерот го следеа и „Target“ и „Walmart“.

  1. Лео Варадкар

Варадкар беше премиер на Ирска, кој го заврши мандатот во февруари годинава, кога неговата партија изгуби на изборите. Без двоумуње, тој ги откажа настаните по повод празникот, денот на Свети Патрик и ги затвори училиштата, пабовите и другите установи. По професија Варадкар е доктор, кој целосно се стави во служба на својата професија и лекување на пациентите болни од ковид 19.

23.  Алесандро Ромаоли и Кристијан Фракаси

Основачите на “Issinova” од Италија, кога слушнале дека во болницата во Бреша недостига витален медицинску уред, започнале да дистрибуираа 3Д-печатени верзии.

Тие го користеа својот 3Д принтер за да создадат неофицијални копии на патентираниот вентил, кој беше во недостиг на снабдување во италијанските болници. Оваа работа ја извршувале бесплатно.

24. Брет Крозиер

Американската морнарица го смени командантот на носачот на авиони „Теодор Рузвелт“, Брет Крозиер кој напишал писмо, кое протекло во јавноста, а во кое бара построги мерки за контрола на инфекцијата со коронавирусот, што изби на неговиот брод. Одземањето на командата врз бродот, со екипаж од пет илјади војници, на капетанот Крозиер му е соопштено од страна на американскиот секретар за морнарица Томас Модли, истакнувајќи дека командантот направил многу лоша проценка за време на кризата. Овој потег беше критикуван од демократскиот сенатор Марк Ворнер, кој изјави дека на морнарицата и се потребни луѓе кои се подготвени да ги заштитат војниците. Тој нагласи дека Крозиер постапил патриотски, бидејќи „само се обидел да го направи она што е најдобро за неговиот екипаж“.

 

  1. Џек Дорси

Дорси е еден од четворицата основачи на социјалната мрежа Твитер, кој посвети 1 милјарда американски долари од својот капитал.  Дорси се откажа од 28% од неговиот сопственички удел за новоформираниот фонд кој ќе има главна цел да ги ублажи последиците од Ковид 19 и да помогне во напорите на здравствените власти во справување со ширењето на заразата.

Исто така, Дорси истакнал дека откако ќе се надмине кризата фокусот на новиот фонд ќе биде ставен на едукација на девојките и нивното здравје. Ги повикал и сите кои можат да донираат во добротворниот фонд.

Прочитајте и: Светски херои во екот на пандемијата од 1 до 5 место

Прочитајте и: Светски херои во екот на пандемијата од 6 до 10 место

Прочитајте и: Светски херои на пандемијата од 11 до 15 место

Прочитајте и: Светски херои на пандемијата од 16 до 20 место

Клучни зборови

  • Алесандро Ромаоли
  • Брет Крозиер
  • Кристијан Фракаси
  • Лео Варадкар
  • Светски херои во пандемијата
  • херои
  • џек дорси
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk