Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Светски совет за злато: Рударството на злато мора итно да се сврти кон зелената енергија

10 дек. 2020 г.·2 мин читање·727 прегледи

Следете не на Viber

Рударството на злато мора итно да се сврти кон обновлива енергија ако сака да ги намали емисиите на јаглерод во согласност со Парискиот договор, објави во средата Светскиот совет за злато (СГЦ).

Како што се зголемија цените на благородниот метал, кој се смета за безбедно засолниште, така и се зголеми притисокот врз рудниците за злато за да се оправдаат високите емисии на јаглерод.

Штетните емисии од златната индустрија треба да се намалат за 80 проценти до 2050 година за да се усогласат со сценариото утврдено во климатскиот договор, соопшти СГЦ.

„Од компаниите се бара да покажат акција и свесност за потребата на декарбонизација на рударските операции“, рече Џон Мулиган од WGC.

Замената на 45 проценти од електричната енергија генерирана од фосилни горива ќе ја доведе индустријата на вистинскиот пат кон целната стапка на раст од 1,5 степени Целзиусови од климатскиот договор, утврди WGC. Традиционалните рудниците ќе бидат заменети со енергетски ефикасни рудници.

Голем дел од потребното намалување на штетните емисии ќе зависи од компаниите што инвестираат во производство на обновлива енергија и постепено искоренување на енергијата произведена од фосилни горива, рече WGC. Големиот производител на злато Њумонт, во вторникот објави дека размислува да инсталира ветерници и соларни панели за некои рудници за да ги исполни климатските цели, за што планира да потроши 500 милиони долари.

Клучни зборови

  • зелена енергија
  • злато
  • рударство
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk