Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

СВЕТОТ ЗАБАВУВА: Тарифите на Трамп носат најслаб економски раст во 60 години

16 јун. 2025 г.·2 мин читање·1153 прегледи

Следете не на Viber

Светската економија влегува во најслабата деценија на раст од 1960-тите, предупредува Светската банка, посочувајќи ги трговските бариери и политичката нестабилност како клучни ризици. Извештајот, објавен во јуни, покажува дека речиси две третини од земјите бележат намалени економски прогнози, а во фокусот се САД, ЕУ и Јапонија.

Во 2025 година, се очекува глобален раст од 2,3%, што е за 0,4 процентни поени пониско од јануарските прогнози, додека до 2027 се проектира скромен раст од 2,6%. Аналитичарите од Банката забележуваат дека оваа динамика ја продолжува тенденцијата на „успорен економски мотор“ во услови на зголемени царини, инфлациски притисоци и геополитичка неизвесност.

Во најновата анализа на Светската банка, повторно се посочува влијанието на тарифната политика на Доналд Трамп, кој воведе 10% универзална царина на увозот во САД, заедно со зголемени тарифи за челик и алуминиум. Овие потези веќе резултираа со чувствителен пад на финансиските пазари во април.

Иако трговскиот суд во мај пресуди дека поголемиот дел од тарифите се нелегални, администрацијата на Трамп успеа привремено да ги задржи мерките преку жалбена постапка.

Светската банка ја намали проекцијата за растот на САД во 2025 и 2026 година, поради зголемена трговска неизвесност и ослабена доверба на инвеститорите. Од друга страна, прогнозата за Кина остана непроменета, со образложение дека земјата располага со доволно фискален простор и отпорност за да се справи со глобалните потреси.

Во извештајот се посочува дека со растечка политичка неизвесност и рестриктивни трговски мерки, економската клима во светот станува сѐ понестабилна.

Доколку САД продолжат со ескалација на трговските бариери, Банката предупредува на можен застој на глобалната трговија во втората половина од 2025, проследен со намалување на потрошувачката, нестабилни пазари и растечка инфлација.

И покрај забавувањето, Светската банка не предвидува глобална рецесија, нагласувајќи дека шансите за таков развој се под 10%. Но, ризиците остануваат реални, особено ако трговските и геополитичките тензии продолжат да се интензивираат.

Паралелно со извештајот на Светската банка, ОЕЦД исто така ги намали своите прогнози, очекувајќи раст од 2,9%, наместо првично проектираните 3,1%.

Клучни зборови

  • Светска банка
  • светска економија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk