Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Свечено отворена новата и модерна ЛУКОИЛ бензинска станица во Кочани

26 јул. 2023 г.·2 мин читање·3153 прегледи

Следете не на Viber

Денес, свечено беше пуштена во употреба новата и модерна ЛУКОИЛ бензинска станица во Кочани во соработка со партнерот „ЕКО ОИЛ”.  На отворањето присуствуваше и неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Брегалнички г. Иларион кој свечено ја освети бензинската станица.

Ова е трета ЛУКОИЛ бензинска станица во регионот, која е лоцирана на експресниот пат А3 Кочани – Штип. Новата бензинска станица се наоѓа на ул. „Мите Стојчев” бр.41 Тркање.

Бензинската станица е повеќенаменски комплекс изграден според корпоративниот стил на компанијата. Потрошувачите ќе може да се снабдат со висококвалитетното гориво ЕКТО кое е економично бидејќи со ЕКТО се возат повеќе километри, но и поради подобрените еколошки својства. Достапен е и ТНГ- автоплинот, како и маслата од палетата на ЛУКОИЛ.

Бензинската станица во Кочани, која е 36-та по ред во земјава е исто така идеално место за пауза – располага со простран паркинг за возила,  модерна летна тераса и одлично кафе.  Ќе добиете и комплетна услуга скроена за вашите потреби – одлично снабден маркет со широк асортиман на производи, аксесоари за автомобили и професионални и љубезни вработени.

„ЛУКОИЛ Македонија” продолжува со ширење на својата мрежа и со поставување на стандардите за врвно корисничко искуство во нафтената индустрија. Создаваме квалитетни и долгорочни врски со своите клиенти бидејќи знаеме што е потребно кога си постојано во движење. Токму затоа секогаш внимаваме на деталите. За нас е важно какво искуство ќе понесете со себе кога продолжувате напред. ЛУКОИЛ, секогаш моја бензинска

Клучни зборови

  • БЕНЗИНСКА СТАНИЦА
  • КОЧАНИ
  • ЛУКОИЛ Македонија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk