Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Сватот Селаудин Арифи чекор поблизу до целосна сопственост на „Жито Караорман“

17 авг. 2023 г.·3 мин читање·2399 прегледи

Следете не на Viber

Преземањето на кичевската мелничко-пекарска фирма ќе се врши по цена од 615 денари по акција

Селаудин Арифи може да даде понуда за преземање на „Жито Караорман” АД Кичево. Дозволата ја доби од Комисијата за хартии од вредност, која решението го донела на вчера одржаната седница.

„Понудата за преземање се однесува на 2.852 обични акции со право на глас, кои претставуваат 25,52% од основната главнина на “Жито Караорман” АД Кичево.

Преземањето на хартиите од вредност ќе се врши по цена од 615 денари по акција“, наведено е во соопштението на КХВ.

Како што е посочено, рокот за прифаќање на понудата е 28 дена од нејзиното објавување, а „преземачот ја нема утврдено најмалата количина на обични акции со право на глас, која треба да биде прифатена за понудата да се смета за успешна“.

Исто така, во објавата на Комисијата е даден податокот дека Селаудин Арифи во моментот на давањето на понудата за преземање поседува вкупно 8.199 обични акции или 74,19 отсто од вкупниот број акции издадени од „Жито Караорман“.

Мелничко-пекарската фирма, која располага со најсовремени машини за производство на брашно, леб и бели печива, со што се вбројува меѓу водечките во оваа дејност, по подолг период на ниски добивки, првата половина од годинава ја заокружи со загуба од 318 илјади евра, и покрај тоа што речиси се удвоени приливите од продажбата на сопствените производи. Сепак, инвестирани се 25 илјади евра во комплетна реконструкција на ферментационата комора, па очекувањата се дека работата ќе тргне во правец на подобар квалитет, поголеми приходи и добивка.

За бизнисменот Арифи, кој развива широк спектар на дејности, а неговите фирми како најдобри понудувачи редовно ги добиваат тендерите од Општина Кичево, често се пишува во последно време. Поврзан е со владејачката ДУИ не само како донатор, туку и по сватовската линија со партискиот лидер Али Ахмети. Сопственик е на „АС Сењак“ – Друштво за трговија, производство и услуги, увоз-извоз, со дејност – неспецијализирана трговија на големо со храна, пијалаци и тутун. Има и Б лиценца за градење објекти, добиена од Министерството за транспорт и врски. За неговото име се врзуваат и други фирми, „Дукла“, „Агата“… Исто така, добивал тендери и од Општина Прилеп. До неодамна беше и акционер во „Жито Полог“, но ги продаде акциите. Исто така, од 2013 година е акционер и во скопска „Европа“, кога купил 18 отсто од акциите во износ од 1,88 милиони евра.

Во јули преку берзанска трансакција дотогаш малцинскиот акционер Арифи купи 5.600 обични акции или 50,67 отсто од акциите со право на глас издадени од кичевската компанија. Во тој момент, во негова сопственост беа 8.199 обични акции, односно 74,19 отсто од вкупниот број издадени акции. По што веднаш уследи и намерата за преземање. Инаку, акциите ги продаде Сретен Миладиноски, кој повеќе нема никаков удел во „Жито Караорман“

Според податоците што се објавени на Македонска берза, Одборот на директори е во состав Зоран Паневски, Арбиан Бајрами и Слободан Јовески кој е извршен член. Промената настана по купопродажната трансакција, односно дотогаш во Одборот беа Слободан Јовески, Марјан Максимоски – независен член и Софронија Миладиноски во својство на претседател.

Клучни зборови

  • Жито Караорман
  • Селаудин Арифи
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk