Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Берза

Суровата нафта со цени во минус, продавачите плаќаат за да се ослободат од неа

20 апр. 2020 г.·3 мин читање·186 прегледи

Следете не на Viber

Цената на нафтата, за прв пат во историјата на САД е во минус, јави Си-Ен-Ен.

Цената на референтниот американски нафтен бренд West Texas Intermediate (WTI) денес падна на минус 37 американски долари за барел. Причината за ова е недостигот на складови за нафта која на пазарот сега се нуди многу повеќе отколку што има побарувачка.

Просечната цена на суровата нафта WTI за барел во 2019 година беше 57 долари и 64 долари во 2018 година.

Претходно во денот, за терминските испораки нафтата во мај падна на девет долари за барел, што е најниска цена од 1998 година. Потоа падна на пет долари, па на еден долар, па на десет центи, а потоа на берзата беше излистана цена за барел од минус три долари.

Цената на нафтата падна како резултат на распродажбата на светските пазари поттикната од неизвесноста за моментално (не)достапните капацитети за складирање на нафта.

Поточно, побарувачката за сурова нафта драматично се намали како резултат на замрзнување на економската активност во голем број на земји поради пандемијата на коронавирусот.

Сепак, како што пишуваат светските медиуми, драматичниот пад е пред се резултат на техничките околности за тргување. Нафтата на светските пазари се тргува со фјучерси односно со термински договори, кои за испораките истекуваат во вторник. Поради тоа, шпекулантите на берзите се обидуваат да се ослободат од нивните договори за да не мора да ја складираат нафтата, што ја зголеми продажбата дури и повеќе од вообичаеното.

Уредникот на билтенот на пазарот на нафта Стивен Шорк изјави дека предвидува недостигот на местата за складирање во наредните две недели да предизвикаат проблеми.

“Ќе биде уште полошо. Се повеќе луѓе се без работа па се вози се помалку. Побарувачката на гориво ќе се намалува дури во текот на летото кога инаку е на врвот. Оваа година нема да достигне врв”, рече Шрок.

Во водечките земји извознички на нафта, заради одбивањето на Мексико, не успеаја да се договорат во петокот да го намалат производството на нафта, иако и американскиот претседател Доналд Трамп се понуди на мексиканскиот претседател да помогне да се постигне договор.

Главните производители на нафта се обидоа да се договорат во четвртокот и во петокот да го намалат производството за повеќе од една петтина за да ги зголемат цените што драстично ги урна пандемијата на коронавирус.

Минатата среда, Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) предупреди дека ограниченото снабдување нема целосно да го компензира очекуваниот пад.

Клучни зборови

  • Сурова нафта
  • Цена на нафта
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk