Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Личен Развој

„СУПЕР ВОЗАЧ“ ЈА ЗАПОЧНУВА КАМПАЊАТА „ПОЛОЖИ ЗА ЖИВОТ – Не само за возачка дозвола“

8 јун. 2026 г.·2 мин читање·1780 прегледи

Следете не на Viber

По повод првата годишнина од работењето на Регионалниот испитен центар, на 5 јуни официјално беше промовирана новата општествено одговорна кампања на  „Супер Возач“, чија цел е да ја подигне свеста за безбедноста во сообраќајот и важноста на одговорното однесување зад воланот.

И да потсети дека возачката дозвола не претставува крајна цел, туку почеток на една долгорочна одговорност кон сопствениот живот и животите на сите учесници во сообраќајот.

Под мотото „Положи за живот. Не само за возачка дозвола“, кампањата испраќа порака дека возачката дозвола не е крајна цел, туку почеток на една голема одговорност што секој возач ја носи кон себе, своите најблиски и сите учесници во сообраќајот.

Во рамки на отворениот ден организиран по повод првата годишнина од работењето на центарот, посетителите имаа можност да се запознаат со процесот на полагање, условите за работа и активностите што ќе следат во рамки на новата кампања.

Според Горан Јованоски, раководител на Регионалниот испитен центар – Супер Возач, по една година успешно работење, време е фокусот дополнително да се насочи кон едукација и градење сообраќајна култура.

„Изминатата година беше посветена на воспоставување професионални стандарди, транспарентен процес и квалитетна услуга за кандидатите. Денес правиме чекор понатаму. Со кампањата „Супер Возач“ сакаме да испратиме порака дека најважно не е само да се положи испитот, туку да се изградат знаења, навики и одговорност кои ќе траат цел живот. Горди сме што функционираме како современ регионален испитен центар кој им стои на располагање на кандидатите од повеќе градови и региони и веруваме дека сите заедно можеме да придонесеме за побезбедни патишта и поодговорни возачи“, изјави Горан Јованоски.

Организаторите потенцираат дека кампањата ќе продолжи и во наредниот период преку нови едукативни активности, јавни иницијативи и партнерства насочени кон подигнување на свеста за безбедноста во сообраќајот.

Бидејќи секој положен испит е само почеток на едно многу поважно патување, патувањето кон одговорно и безбедно учество во сообраќајот.

Клучни зборови

  • кампања
  • положи за возач
  • Регионален испитен центар
  • Супер Возач
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk