Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Студиото што го развива Call of Duty Mobile во 2020 година заработи 10 милијарди долари

7 апр. 2021 г.·2 мин читање·834 прегледи

Следете не на Viber

Како што објави Ројтерс, според информациите добиени од инсајдерите на индустријата, TiMi Studios, во сопственост на групацијата Tencent, најверојатно стана најголемиот развивач на игри во светот.

Минатата недела, Tencent објави дека компанијата има приход од околу 23,7 милијарди долари од продажба на Интернет во 2020 година, со што се проценува дека TiMi учествува со околу 40% од таа сума, проследено со Lightspeed и Quantum, развивачи на PUBG Mobile.

Компанијата не објавува попрецизни податоци, бидејќи студија во рамките на компанијата се натпреваруваат едни со други и работат независно едни од други.

Доколку овие наводи се точни, TiMi Studios стана најголемиот развивач на игри во светот со заработка од околу 10 милијарди долари во претходната година. Таквиот ненадеен раст не е невозможен, бидејќи студиото развива неверојатно популарни мобилни наслови како Honor of Kings и Call of Duty Mobile.

Благодарение на зголемениот глобален интерес за игри, сосема е можно тие да успеале да забележат таков резултат, што сведочи за растечката експанзија и профитабилност на пазарот на мобилни игри. Ова само ја потврдува доминацијата на Tencent како најголем издавач на видео игри во светот.

Tencent планира да се прошири на вториот по големина пазар на игри. Две студија во моментов се во изградба во Лос Анџелес, едното за TiMi и другото за Lightspeed и Quantum, со цел наскоро да започнат да прават игри со уште поголема глобална поставеност.

Покрај ова, Tencent има удел во голем број глобални компании за игри и долго време е лидер во областа на адаптација на компјутерски игри за мобилни уреди.

Клучни зборови

  • call of duty
  • tencent
  • видео игри
  • Кина
  • компјутерски игри
  • мобилни игри
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk