Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Студентите побараа плус 10 денари за оброк: Јаневска дава поддршка и вети – вгодина

5 сеп. 2025 г.·3 мин читање·2601 прегледи

Следете не на Viber

Можно е студентите, од идната година, наместо сегашните 140 денари, да добиваат поголем износ на име студентски оброк. Со оглед на инфлацијата, студентските барања се оправдни, но сè зависи од кондицијата на државниот Буџет, нагласи министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

Како што рече, власта досега излагла во пресрет секое барање од студентите.

„Искрено се надевам дека постои таква можност. Се разбира, треба да се направи нивелација на студентскиот оброк со инфлацијата, но зборуваме за следната година. За оваа година, тие побараа проширување на квотата, кое го направивме. Досега за сè што побараа, сме им излегле во пресрет и јас им благодарам, бидејќи тоа го признаваат и го промовираат“, рече Јаневска.

Таа и натаму ќе ги застапува нивните оправдани барања, но сепак, реализацијата на промената кај износот на студентскиот оброк ќе зависи од состојбата на државната каса.

„Зависи од состојбата на буџетот, но кога сметам дека барањата се оправдани, ќе ги застапувам додека сум министер“, истакна Јаневска.

Студентите побараа за оброкот што го финансира државата да добиваат плус 10 денари. Сегашните 140 да станат 150 денари. Барањето, преку Националното студентско тело го упатија до Министерството за образование, воедно укажувајќи дека тоа, согласно законските одредби, треба да се направи пред да се усвои државниот буџет за 2026 година. Законот за студентски оброк предвидува усогласувањето да се прави еднаш годишно. По завршувањето на фискаланат година и пред да се донесе буџетот за наредната година.

Барањето е засновано на инфлаторните движења. Како што пред неколку дена образложија студентите, стапката лани изнесуваше 3,5 проценти, според проекциите на ММФ, годинава ќе биде 3,4 проценти, а според НБРСМ – три проценти. Тие 10 денари, рекоа, ќе им обезбедат поголема сигурност и поддршка во услови на растечките животни трошоци.

Одговорот што го добија од министерката Јаневска беше сличен со денешната изјава: „Мислам дека во иднина би можеле да се договориме, но во овој момент не можам да гарантирам затоа што буџетот на Министерството за образование зависи од буџетот на државата. Секако дека ќе се залагам доколку е можно и оваа година да биде остварено, затоа што јас искрено мислам дека тие треба да имаат услови за да може да учат“.

Инаку, категоријата студентски оброк беше воведена во 2020 година, а се стартуваше со 120 денари. Три години подоцна, со измени во Законот за студентскиот оброк, сумата се зголеми на актуелните 140 денари.

Тие пари на студентите им се доделуваат за купување храна, секој ден освен во недела и на државните празници. Исто така, овој надомест не им следува во периодот на летниот распуст – од 1 јули до 1 октомври.

Пријавувањето за стекнување на оваа можност заврши на 5 септември. Студентите чии апликации не се прифатени, ќе можат да аплицираат од први до петти секој месец од академската 2025/2026 година.

(Фото: Freepik)

Клучни зборови

  • Весна Јаневска
  • Министерство за образование и наука МОН
  • студенти
  • студентски оброк
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk