Најави се Зачлени се
Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Струјата поскапа за 0,92%: Ако сметката е 2.300 денари, од 1 јануари ќе биде 2.321 денар

Маја Анастасова·18 дек. 2024 г.·2 мин читање

Со почетокот на идната година ќе се зголеми и просечната цена на струјата за 0,92 насто. Тоа се однесува за домаќинствата опфатени во првиот, вториот и третиот блок. Тоа, пак, значи дека за едно просечно домаќинство со сметка од 2.300 денари, трошокот за електрична енергија ќе се зголеми за 21 денар, рече претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски.

Во првиот блок струјата ќе биде поскапа за 0,68 проценти, во вториот за 0,90, а во третиот блок за 1,93 насто. Највисококото поместување од 2,24 проценти е за најголемите потрошувачи на струја лоцирани во четвртиот блок.

„Ова е прва одлука во која е искористен контролниот механизам за утврдување на цената на струјата за домаќинствата и за малите потрошувачи“, изјави Бислимоски, кои наведе дека на почетокот од месецов од ЕВН Хоум била доставена одлука со барање цената на струјата за домаќинствата да се зголеми за 4,4 проценти.

Сепак, направена е корекција со цел да се заштити стандардот на граѓаните.

„Во најголем дел немавме разлики. Единствената разлика која постои меѓу тоа што сега го одобривме и тоа што го достави ЕВН е во однос на факторот на корекција. За да обезбедуваме ценовна стабилност и цени кои ќе имаат минимално влијание врз вкупните трошоци за електрична енергија на граѓаните, постапивме на овој начин. Како што ветивме, просечната цена на електричната енергија за домаќинствата се зголемува за 0,92 проценти“, нагласи Бислимоски.

 

Клучни зборови

  • ЕВН Хоум
  • Марко Бислимоски
  • нова цена на струја
  • поскапување
  • први јануари
  • РКЕ
  • сметки за струја
Странична рекламаplaceholder
Рекламаplaceholder

Pari.com.mk

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

Навигација

  • Почетна

Податоци

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

Систем

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

© 2026 Pari.com.mk