Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Стрип продаден за рекордни 2,2 милиони

21 јан. 2021 г.·2 мин читање·8624 прегледи

Следете не на Viber

Стрипот за Бетмен од 1940 година беше продаден на аукција во САД за нешто повеќе од 2,2 милиони долари.

Продажбата постави светски рекорд на аукцијата на стрипови за суперхеројот Бетмен, објави во четвртокот аукциската куќа „Аукции на наследството“ со седиште во Далас.

Купувачот сакал да остане анонимен, изјави за агенцијата DPA портпаролот на аукциската куќа Роберт Вилонск.

Стрипот Бетмен бр. 1 ги прикажува Бетмен и Робин како летаат на жолта позадина и на црвениот хоризонт на градот Готам.

Во тоа издание се појавуваат и познатите ликови Џокер, Хуго Стрејнџ и Мачка, која е во скоро совршена состојба, изјави аукциската куќа.

Колекционерот го купил стрипот за 3000 долари во Хјустон во 1979 година. Неговата оригинална цена во 1940 година била 10 центи.

Неговата цена скокна дури и пред аукцијата, а повеќе од 24 понуди се примени од средината на декември.

Претходниот рекорд за стрипот за Бетмен бил поставен во ноември кога Херитиџ го продал Детективскиот стрип бр. 27 од 1939 година, во која Бетмен се појавува за прв пат, за 1,5 милиони долари.

Клучни зборови

  • аукција
  • Бетмен
  • Стрип
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk