Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

СТРАНСКАТА РАБОТНА СИЛА Е СКРИЕН МОТОР ЗА ЕВРОПСКИОТ РАСТ – Без странци, Европа ќе беше посиромашна

25 авг. 2025 г.·3 мин читање·11444 прегледи

Следете не на Viber

Бавниот раст на продуктивноста и слабата акумулација на капитал го попречија постпандемиското закрепнување во еврозоната. Во услови на оваа слабост, растот на населението и зголеменото учество во работната сила ја стабилизираа економијата. И двата фактори беа решително поттикнати од силниот прилив на странски работници.

Европа успеа да ја намали инфлацијата по пандемијата без да влезе во нагло забавување на растот, а клучна улога во тоа одигра зголемувањето на уделот на работници родени во странство, изјави претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард. Таа зборуваше на економскиот симпозиум на Федералните резерви во Џексон Хоул, Вајоминг, нагласувајќи дека токму приливот на странска работна сила овозможил компаниите да го прошират производството и да ја задоволат зголемената побарувачка по пандемијата.

„Во Германија, на пример, БДП би бил околу шест проценти помал отколку во 2019 година без придонесот на странските работници“, рече Лагард. Таа потсети дека силниот раст на шпанската економија исто така во голема мера се должи на странската работна сила. Според неа, зголемената понуда помогнала во намалувањето на инфлацијата и во Европа и во САД, иако истовремено предизвикала и политичка реакција.

Лагард оцени дека миграцијата може да игра клучна улога во ублажувањето на недостигот на работна сила, особено во услови кога домашното население старее. Но, предупреди дека политичките притисоци сè повеќе би можеле да го ограничуваат овој прилив. Таа додаде дека и други фактори придонеле за стабилноста на европската економија: падот на реалните плати, поголемото задржување на работници од страна на компаниите и приклучувањето на постари лица на пазарот на труд.

И покрај зголемувањето на клучната каматна стапка на ЕЦБ во 2022 и 2023 година, Европа не влезе во рецесија, ниту пак се зголеми невработеноста. Напротив, благодарение на новите работници, стапката на невработеност во еврозоната остана на 6,3 проценти, наместо да порасне на 6,6 проценти. Иако странските работници сочинуваа само девет проценти од работната сила во ЕУ во 2022 година, тие стојат зад половина од растот на работната сила во изминатите три години.

Симпозиумот во Вајоминг уште еднаш покажа дека заеднички предизвик на големите економии е како да се справат со стареењето на населението и со растечките политички притисоци околу имиграцијата, во услови кога токму таа може да биде еден од клучните двигатели на стабилниот економски развој.

Клучни зборови

  • еврозона
  • Европа
  • економија
  • странски работници
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk