Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Стопанската комора на Македонија стана членка на Европската алијанса за практикантство

27 сеп. 2019 г.·2 мин читање·715 прегледи

Следете не на Viber

Стопанската комора на Македонија, како најстара и најголема бизнис асоцијација во земјата, во соработка со компаниите, го има воочено проблемот поврзан со недостигот од квалификуван и стручен кадар и прави напори да го подобри образованието за да може тоа да испорачува релевантни вештини за вработување и да обезбедува стручен кадар за бизнис заедницата.

 

Имајќи предвид дека единствено комбинацијата од практични и теоретски знаења дава сеопфатно образование, Стопанската комора на Македонија како стратешки партнер директно учествува во спроведувањето на практичната обука која се реализира во компаниите. Нејзината посветеност во развојот и унапредувањето на практичната обука резултираше со вклучување на Комората во Европската алијанса за практикантство, платформа управувана од Европската комисија во тесна соработка со социјалните партнери на ЕУ. Целта на Европската алијанса за практикантство е да ги здружува носителите на политики со други клучни засегнати страни, како деловни здруженија, индивидуални компании, социјални партнери, комори и даватели на услуги во насока на соработка и споделување добри практики за успешна реализација на практикантството, зајакнување на квалитетот, имиџот и мобилноста на практикантите во Европа.

Регионалната конференција на земјите од Западен Балкан и Турција, што се одржуваше во Скопје, на тема: „Вклучување на малите и средни претпријатија во учењето преку работа“ беше можност за се промовира членството на Стопанската комора на Македонија во Европската алијанса на практикантство.

Во оваа алијанса досега се зачленети 36 земји, од кои 27 земји се членки на ЕУ и 294 засегнати страни. Од земјите на Западен Балкан вклучени се сите пет кандидатки членки – Албанија, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Турција.

Клучни зборови

  • бизнис заедница
  • Стопанска комора на Македонија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk